Копирање графики од еден во друг документ

Можете да копирате графика од еден во друг документ со повлечи и пушти. Ако сакате да го објавите Вашиот документ, почитувајте ги авторските права и побарајте согласност од авторите.

  1. Отворете го документот во кој сакате да го вметнете графичкиот објект.

  2. Отворете го документот од кој сакате да се копира графиката.

  3. Кликнете на графиката додека го држите тастерот, за да ја изберете без да се извршат соодветните хиперврски.

  4. Држете го притиснато копчето на глушецот додека објектот се копира во внатрешната меморија.

  5. Повлечете ја графиката во друг документ.

  6. Штом покажувачот на сив текст ја означи позицијата каде што сакате да се вметне копијата на сликата, отпуштете го копчето на глушецот.

  7. Ако графиката е поврзана со хиперврска, се вметнува хиперврската а не графиката.

Влечење и пуштање во LibreOffice документи

Копирање области на табеларни пресметки во текстуални документи

Копирање графики од Галеријата

Додавање графики во Галеријата