Влечење и пуштање во LibreOffice документи
Има многу опции за преместување или копирање објекти со повлечи и пушти. Делови на текст, цртање објекти, графики, контроли на формулари, хиперврски, опсези на ќелии и многу други можат да се преместуваат или копираат со глушецот.
Забележете дека покажувачот на глушецот прикажува знак кога копирате и стрелка кога креирате врска или хиперврска.
Покажувач на глушецот |
Опис |
Преместување |
|
Копирање |
|
Креирање врска |
Ако притиснете Ctrl или Shift+Ctrl додека го отпуштате копчето на глушецот, можете да имате контрола дали објектот се копира, преместува или пак се креира врска.
Ако влечете објекти надвор од Навигаторот, можете да назначите во подменито на иконата за Режим на влечење на Навигаторот дали да се копира објектот, се вметне како врска или хиперврска.
Можете да откажете повлечи и пушти во LibreOffice во кое било време со притискање на Esc тастерот пред да го отпуштите копчето на глушецот.