Работење со табели

Податоците се сместуваат во табели. На пример, Вашиот системски адресар којшто го употребувате за Вашите адреси за е-пошта е табела од базата на податоци на адресарот. Секоја адреса е запис на податоци, презентиран како ред во таа табела. Записите со податоци се содржат од полиња со податоци, на пример, полињата со име и презиме и полето за е-пошта.

Креирање на нова табела со Волшебникот за табели

Во LibreOffice можете да креирате нова табела со употребување на Волшебникот за табели:

  1. Отворете ја датотеката со базата на податоци каде што сакате да ја креирате новата табела.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата на податоци, кликнете ја иконата Табели.

  3. Кликнете Употребете го Волшебникот за креирање табела.

Креирање на нова табела со Дизајн приказот

  1. Отворете ја датотеката со базата на податоци каде што сакате да ја креирате новата табела.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата на податоци, кликнете ја иконата Табели.

  3. Кликнете Креирај табела во Дизајн приказот.

Го гледате прозорецот Дизајн на табела.

Креирање на приказ на нова табела

Некои типови на бази на податоци поддржуваат приказ на табели. Приказ на табела е прашање кое што е сместено со базата на податоци. За повеќето операции на базата на податоци, приказот може да се употребува како што користите табела.

  1. Отворете ја датотеката со базата на податоци каде што сакате да го креирате приказот на новата табела.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата на податоци, кликнете ја иконата Табели.

  3. Кликнете Креирај приказ на табела.

Го гледате прозорецот за Дизајн приказот, кој е речиси идентичен со прозорецот за Прашања приказот.