Работење со прашања

Ако сакате често да пристапувате на подмножество на Вашите податоци кои исто така можат да бидат дефинирани од условен филтер, можете да дефинирате прашања. Всушност ова е име за новиот приказ на филтрираните податоци. Можете да го отворите прашањето и да ги видите тековните податоци во изгледот на табелата кој сте го дефинирале.

Креирање на Ново прашање со Волшебникот за прашања

Во LibreOffice можете да креирате ново прашање со употреба на Волшебникот за прашања:

  1. Отворете ја датотеката со база на податоци каде што сакате да го креирате новото прашање.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата на податоци, кликнете на иконатаПрашања .

  3. Кликнете Употребете го Волшебникот за креирање на прашања.

Креирање на ново прашања со приказ на дизајнот

  1. Отворете ја датотеката со база на податоци каде што сакате да го креирате новото прашање.

  2. Во левиот панел од прозорецот на базата на податоци, кликнете на иконатаПрашања .

  3. Кликнете Креирај прашање во приказ на дизајнот.

Го гледате прозорецот за Дизајн на прашање.