Увезување и извезување податоци во текстуален формат
Ако сакате да размените податоци со база на податоци која нема ODBC врска и не дозволува dBase увоз и извоз, можете да употребувате вообичаен текстуален формат.
Увезување податоци во LibreOffice
За размена на податоци во текстуален формат употребете го LibreOffice Calc филтерот за увоз/извоз.
-
Извезете ги саканите податоци од изворната база на податоци во текстуален формат. Се препорачува CSV текстуален формат. Овој формат одделува полиња на податоци со употреба на разделувачи како запирка или точка-запирка и ги одделува записите со вметнување на прелом на редови.
-
Изберете Датотека - Отвори и потоа кликнете ја датотека за увезување.
-
Изберете "Текст CSV" од комбо полето Вид на датотека. Кликнете Отвори.
-
Се појавува дијалогот Увоз на датотеки. Одлучете кои податоци ќе ги вклучите од текстуалниот документ.
Штом податоците се во LibreOffice Calc табеларната пресметка, можете да го уредите штом е потребно. Зачувајте ги податоците како LibreOffice извор на податоци:
-
Зачувајте ја тековната LibreOffice Calc табеларна пресметка во dBase формат во папката на dBase базата на податоци. За да го направите ова, изберете Датотека - Зачувај како, потоа изберете го Вид на датотека "dBase" и папката на dBase базата на податоци.
Извезување во CSV текстуален формат
Можете да ја извезете тековната LibreOffice табеларна пресметка во текстуален формат кој може да се прочита од многу други апликации.
-
Изберете Датотека - Зачувај како.
-
Во Вид на датотека изберете го филтерот "Текст CSV". Внесете име на датотека и кликнете Зачувај.
-
Ова го отвора дијалогот Извоз на текстуални датотеки , во кој можете да го изберете множеството на знаци, разделувач на поле и текст. Кликнете Во ред. Се појавува предупредување дека е зачуван само активниот лист.