Копирање објекти за цртање во други документи

Во LibreOffice можно е да се копираар објекти за цртање помеѓу текст, табеларни пресметки и документи за презентации.

  1. Изберете го објектот или објектите за цртање.

  2. Копирајте го објектот за цртање во таблата со исечоци, на пример, со употреба на +C.

  3. Префрлете се до другиот документ и поставете го покажувачот каде што треба да се вметне објектот за цртање

  4. Вметнете го објектот за цртање, на пример, со употреба на +V.

Вметнување во текстуален документ

Вметнатиот објект е вкотвен со тековниот пасус. Можете да ја смените котвата со избирање на објектот и кликнување на Смени котва иконата на OLE-објект лентата со алатки или Рамка лентата со алатки. Ова отвора скокачко мени каде што можете да го изберете видот на котвата.

Вметнување со табеларна пресметка

Вметнат објект за цртање е вкотвен во тековната ќелија. Можете да ја смените котвата помеѓу ќелијата и страницата со избирање на објектот и кликање на Смени котва иконата Icon.