Уредување легенди на графикони

За да уредите легенда на графикон:

  1. Кликнете двапати на графиконот.

    Се појавува сива граница околу графиконот и сега менито содржи команди за уредување на објекти во графиконот.

  2. Изберете Форматирај - Легенда или кликнете двапати на легендата. Ова го отвора дијалогот Легенда.

  3. Изберете од ливчињата кои Ви се достапни за да направите измени, и потоа кликнете Во ред.

Note Icon

За да изберете легенда, прво кликнете двапати на графиконот (видете чекор 1), потоа кликнете на легендата. Сега можете да ја движите легендата заедно со графиконот преку глушецот.