ActiveX контрола за приказ на документи во Internet Explorer

Само под Windows, можете да прегледате кој било LibreOffice документ во прозорец на Microsoft Internet Explorer. Инсталирајте ја ActiveX контролата во LibreOffice програмата за инсталирање.

Инсталирање на ActiveX контрола

  1. Close LibreOffice and the Quickstarter.

  2. Кликнете го Start копчето на Windows лентата со задачи. Изберете Контролна табла.

  3. Во Контролната табла, кликнете Додади или отстрани програми.

  4. Во листата, кликнете LibreOffice, и потоа Измени.

  5. Во Волшебникот за инсталирање, изберете Измени.

  6. Отворете го Додатни компоненти записот и најдете го ActiveX контрола записот. Отворете го подменито на иконата и изберете за инсталирање на карактеристиката.

  7. Кликнете Наредно и Инсталирај.

Приказ на LibreOffice документи

  1. Во Internet Explorer, побарајте веб страница која што содржи врска до LibreOffice Writer документ.

  2. Кликнете ја врската за приказ на документот во Internet Explorer прозорецот.

    Можете да направите десен клик на врската за зачувување на датотеката на вашиот тврд диск.

Уредување на LibreOffice документи

LibreOffice документот во Internet Explorer прикажува група на икони за само-читање во лентата со алатки.

  1. Кликнете ја Уреди датотека иконата во лентата со алатки на документот за отворање на копија на документот во нов LibreOffice прозорец.

  2. Уредете ја копијата на документот.