Повеќе контроли

The More Controls toolbar opens when you click the More Controls icon on the Form Controls toolbar.

Копче за вртење

контрола со копче за ротирање

Креира копче за ротирање.

Ако додадете додадете копче за ротирање Calc табеларна пресметка, можете да го користите јазичето Податоци за да креирате двонасочна врска помеѓу копчето за ротирање и ќелијата. Како резултат, кога ќе ја измените содржината на ќелијата, содржината на полето за ротирање ќе биде ажурирана. Обратно, ако ја измените вредноста на копчето за ротирање, содржината на ќелијата ќе биде ажурирана.

Scrollbar

контрола со лента за движење

Креира лента за движење.

Можете да ги поставите следниве својства за лената за движење:

Име во интерфејсот

Значење

Мин. вредност за движење

Ја одредува минималната висина или минималната ширина на ленатата за движење.

Макс. вредност за движење

Ја одредува максималната висина или максималната ширина на ленатата за движење.

Default scroll value

Ја одредува стандардната вредност на лентата за движење која се користи кога формата ќе се ресетира.

Ориентација

Ја одредува насоката на ленатата за движење, која може да биде вертикална и хоризонтална.

Small change

Го одредува минималниот чекор со кој може да ја поместите лентата за движење, на пример, со кликање на стрелка на лентата.

Large change

Го одредува големиот чекор за поместување на лентата за движење, на пример, кога ќе кликнете помеѓу лизгачот и стрелката на лентата за движење.

Задоцнување

Го одредува доцнењето во милисекунди меѓу настаните на лентата за движење. На пример, доцнење се појавува кога ќе кликнете на копчето со стрелка од ленатата за движење и го држите копчето на глушецот притиснато.

Symbol color

Ја одредува бојата на стрелките на лентата за движење.

Видлива големина

Ја одредува големината на лизгачот во „единици за поместување“. На пример, („Макс. вредност за движење„ минус „Мин. вредност за движење.“) / 2 е големината на лизгачот кој опфаќа попловина од лентата за движење.

За да добиете лента за движење со еднавка ширина и висина, поставете го својството „Видлива големина“ на нула.


Во Calc табеларна пресметка, можете да го користите јазичето Податоци за да креирате двонасочна врска помеѓу лента за движење и ќелија.

Копче со слика

Икона

Креира копче прикажано како слика. Покрај графичката претстава, копчето со слика ги има сите својства на „нормално“ копче.

Контрола на слика

Икона

Креира контрола за слика. Може да се користи само за да се додадат слики од база на податоци. Во документот со форма, двојно кликнете една од овие контроли за да Ви се отвори дијалогот Вметни графика за да вметнете слика. Исто така има и контекстно мени (не во режим на дизајнирање) со команди за вметнување и бришење на сликата.

Слики од база на податоци можат да се прикажат во фомуларот и нови слики можат да се додат во базата се додека контролата за слика не е заштитена од запишување. Контролата мора да се однесува на поле од базата на податоци. Затоа внесете име на поле од базата во прозорецот со својства во ливчето Податоци.

Поле за датум

Икона

Креира поле за датум. Ако формата е поврзана со база на податоци, вредностите за датумот ќе бидат преземени од базата на податоци.

Ако го придружите својството „Паѓачко“ на полето со датум, корисникот може да отвори календар за да го избере датумот. Ова важи и за поле за датум во контролата за табела.

Tip Icon

Вредноста на полињата за датум лесно може да се постави со тастерите на стрелки (горе, долу). Во зависност од позицијата на курсорот вредноста за денот, месецот или годината може да биде зголемена или намалена со тастерите си стрелки.


Специфицични коментари за полињата за датум.

Поле за време

Икона

Креира поле за време. Ако формата е поврзана со база на податоци, вредностите за времето ќе бидат преземени од базата на податоци.

Tip Icon

Вредноста на полињата за време лесно може да се постави со тастерите на стрелки (горе, долу). Во зависност од позицијата на курсорот вредноста за часовите, минутите или секундите може да биде зголемена или намалена со тастерите си стрелки.


Избор на датотека

Икона

Креира копче што овозможува избор на датотека.

Нумеричко поле

Икона

Креира нумеричко поле. Ако формата е поврзана со база на податоци, вредностите за нумеричкото поле ќе бидат преземени од базата на податоци.

Поле за валута

Икона

Креира поле за валута. Ако формата е поврзана со база на податоци, вредностите за полето за валута ќе бидат преземени од базата на податоци.

Поле за шема

Икона

Креира поле за шема. Полето за шема содржи маска за уредување и основна маска. Маската за уредување одредува кои податоци може да се внесат. Основната маска ги одредува содржините на полето за шема кога се вчитува формата.

Note Icon

Ве молиме не заборавајте дека полињата со шема не се изнесуваат во HTML формат.


Поле за групирање

Икона

Креира рамка за визуелно групирање на повеќе контроли. Полињата за групирање овозможуваат на полињата за избор во рамка.

Ако вметнете рамка за групирање во документот, се вклучува Волшебникот за групирање на елементи, кој овозможува лесно креирање на група со полиња за избор.

Забелешка: Кога влечете поле за групирање преку некоја веќе постоечка контрола и сакате да ја изберете таа конторла, прво морате да го отворите контекстното мени на полето за групирање и потоа изберете Подреди - Однеси назад. Потоа изберете ја контролата додека го притискате тастерот .

Note Icon

Полињата за групирање се користат само за визуелен ефект. Функционалното групирање на полињата за избор може да се направи преку дефинирањети на име, во својството Име на сите полиња за избор, внесете за сите исто име со цел да ги групирате.


Контрола за табела

Икона

Креира контрола за табела за приказ на табела од база на податоци. Ако креирате нова контрола за табела се појавуваВолшебникот за елементи на табела.

Специјални информации за контролите за табела.

Лента за навигација

контрола со лента за навигација

Креира лента за навигација.

Лентата за навигација Ви дозволува движење помеѓу записите во база на податоцу или форма со база на податоци. Контролите на оваа лента за навигација работат на ист начин како и стандардната лента за навигација во LibreOffice.