AutoSpellcheck On/Off

Автоматски го проверува правописот додека пишувате и ги подвлекува грешките.

Icon

Automatic Spell Checking On/Off

Грешките во пишувањето во документот се подвлечени со црвена линија. Доколку го ставите покажувачот над вака означен збор, може да го отворите контекстното мени за да добиете листа на предложени корекции. Изберете предложена корекција за да го замените зборот за којшто не сте сигурни со предложениот. Доколку повторно ја направите истата грешка додека го уредувате документот, таа ќе биде автоматски поправена.

За да го ставите парот зборови во табелата за автоматска корекција, отворете го контекстното мени за автоматска корекција и изберете Автокорекција. Изберете од подменито. Зборот ќе се замени и во исто време парот зборови ќе биде ставен во табелата за замена.