Специјални совети за контроли за табела

Можете да дефинирате контола за табела за да прикажувате записи како што сакате. Со други зборови можете да дефинирате податочни полиња за приказ или уредување на податоците како во форма за база на податоци.

Следните полиња се достапни во контрола за табела: поле за текст, поле за време, поле за валута, нумеричко поле, поле за шема, поле за означување и комбинирана листа. Во случај на комбинирани полиња за датум и време, автоматски се креираат две полиња.

Бројот на избрани линии, ако има избрани, е прикажан во загради по вкупниот број на записи.

За да додадете колони во контролата за табела, кликнете на заглавјето на колоната и ќе се појави контекстното мени. Достапни Ви се следните команди:

Вметни колона

Повикува подмену за да го изберете податочното поле за да го придружите на контролата за табела.

Конфигурирајте ја контролата за табела со повлекување и пуштање. Отворете го прелистувачот за извори на податоци и повлечете ги саканите полиња од прелистувачот на заглавијата на колоните во табелата. Претходно дефинирана колона ќе биде креирана.

Замени со

Отвора подмени за избор на податочно поле за замена на избраното податочното полево контролата за табела.

Избриши колона

Ја бриште тековно избраната колона.

Колона

Отвора дијалог со својствата на избраната колона.

Скриј колони

Ја крие избраната колона. Нејзините својства не се менуваат.

Покажи ги колоните

Повикува подмени каде што можете да ги изберете колоните кои ќе се покажат повторно. За да се покаже само една колона, кликнете на името на колоната. Ги гледате само првите 16 скриени колони. Ако има повеќе скриени колони, изберете ја командата Повеќе за да го повикате дијалогот Покажи колони.

Повеќе

Го повикува дијалогот Покажи колони.

In the Show Columns dialog you can select the columns to be shown. Hold down the Shift or key to select multiple entries.

Сите

Кликнете Сите Ако сакате да Ви бидат покажани сите колони.

Контроли само од тастатура за контрола за табела

Ако сакате да ја користите само тастатурата за да се движите низ контролите во документот, ќе забележите една разлика од другите типови на контроли: Копчето Tab не го поместува покажувачот на следната контрола, туку се поместува на другата колона во контролата за табелата. Притиснете Ctrl+Tab за да се поместите на следната контрола или Shift+Ctrl+Tab за да се поместите на претходната контрола.

За да влезете во специјаниот режим за уредување на контролата за табела само со тастатура:

Формата мора да бите во режим на дизајн .

  1. Притиснете Ctrl+F6 за да го изберете документот.

  2. Притиснете Shift+F4 за да ја изберете првата контрола. Ако контролата за табела не е првата контрола, притискајте Tab се додека не ја изберете.

  3. Притиснете Enter за да влезете во режим за уредување. Држачите се прикажани подалеку од границите на контролата.

  4. Во режим на уредување, можете да го отворите контекстното мени за уредување со притискање на Shift+F10.

  5. Ако сакате да ги уредите колоните, притиснете Shift+Space за да влезете во режим на уредување на колона. Сега можете да го смените редоследот на колоните со Ctrl+ стрелка тастерите. Тастерот Delete ја брише тековната колона.

  6. Притиснете го тастерот Escape за да излезете од режимот на уредување.