Специјални совети за полиња за датум

Кога внесувате година со користење на две цифри, соодветната четирицифрена вредност е дефинирана од поставувањето во Алатки - Опции - LibreOffice - Општо. На пример, Ако 1935 е поставена како долна гранична вредност и внесете 34 како вредност за датум, тогаш резултатот е 2034 наместо 1934.

Претходно поставената гранична вредност ќе биде зачуван во секој документ. Ако сакате да отворите документ во постара верзија на StarOffice, во кој границата од 1930 не може да биде изменета, тогаш морате да изберете 1930 за гранична вредност во Вашата тековна верзија на LibreOffice.

Во LibreOffice, годините се напишани со четири цифри, со тоа што разликата меѓу 1/1/99 год. и 1/1/01 год. е две години. Поставувањето Година (две цифри) му овозможува на корисникот да ги дефинира годините во кои датумите со година со две цифри се додаваат на 2000 год. За илустрација ако зададете датум од 1/1/30 год. или подоцнежен, внесеното „1/1/20 год.“ ќе биде препознаено како 1/1/2020 год наместо 1/1/1920 год.