Специјални својства на форматирано поле

Форматирање: Можете да го поставите својството за Форматирање со кликање ... на копчето во линијата за Форматирање во дијалогот Својства: Форматирано поле Се појавува дијалогот за формат на број.

Ако форматираното поле е порврзано со текстуално поле во база на податоци, елементите во ова поле ќе бидат третирани како текст. Ако форматираното поле е поврзано со поле од база на податаци што може да биде третирано како текст, содржината ќе биде третирана како број. Исто така, датумот и времето внатрешно се третираат како броеви.

Мин. вредност и Макс. вредност: Можете да внесете минимална и максимална нумеричка вредност за форматираниот текст. Минималната и максималната вредност го одредувааат изгледот на постоечкитете податоци (На пример: мин. вредност е 5, вредноста во базата на податоци е 3, вредноста во полето ќе биде 5, но вредноста во базата ќе остане непроменета) и внесувањето на нов податок(На пример: Макс. вредноста е 10, а Вие внесете 20. Внесената вредност ќе биде корегирана и 10 ќе биде запишана вредност 10 во базата). Ако не се поставени вредностите за Минимум и Максимум, нема да бидат применети граници. За форматирани полиња што се поврзани со текстуално поле од база на податоци, овие две вредности и стандардната вредност немаат значење.

Стандардна вредност: Оваа вредност се поставува за новите записи како стандардна вредности.