Контроли на форма

Иконата Контроли на форма отвора алатникот со алатките кои Ви се потребни за да креирате интерактивна форма. Можете да го користите алатникот за да додадете контроли во форма во текст, табеларна пресметка, презентација или HTML документ, на пример копче пушта макро.

За да пристапите до оваа наредба...

Изберете Приказ - Алатници - Контроли на форми.

Икона во алатникотВметни:

Икона

Контроли на форма


Note Icon

Документи со XML-форма (XForms) ги користат истите контроли.


За да креирате форма, отворете документ и користете го алатникот Контроли на форма за да додадете и за да дефинирате контроли на формата. Ако сакате, можете да ја поврзете формата со база на податоци така што преку контролите на формата ќе работите со базата на податоци.

Кога креирате форма во HTML-документи, можете да ги користите формите за да ги испратите податоците преку Интернет.

Note Icon

LibreOffice ги изнесува само својствата на формите кои се поддржани од HTML верзијата во која извезувате. За да ја изберете верзијата на HTML, изберете Алатки - Опции - Вчитај/Зачувај - HTML компатибилност.


За да додадете контрола во документ

  1. На алатникот Контроли на форма, кликнете на иконата на контролата што сакате да ја додадете.

  2. Во документот, влечете за да ја креирате контролата.

    За да креирате контрола со квадратно поле, протиснете го тастерот Shift додека влечете.

Tip Icon

За да додадете поле од листата на полиња од дадена табела или прашалник во формата, влечете ја ќелијата во формата. Во текстуален документ, можете да влечете и заглавје на колона за да го додадете во формата. За да додадете ознака на полето, држете ги притиснати тасетерите +Shift додека го влечете заглавјето на колоната.


Измена на контрола

  1. Десен клик на контролата и изберете Control. Ќе се отвори дијалог каде што можете да ги дефинирате својствата на контролата.

  2. За да определите тастер за забрзување за дадена контрола, додадете тилда (~) пред знакот во ознаката за контолата.

  3. Можете да гио повлекувате и пуштате контролите од еден документ на друг. Исто така можете да ги копирате и вметнувате контролите помеѓу документите. Кога ќе вметнете контрола од друг документ, LibreOffice ги анализира: изворот на податоци, типот на содржината и содржината на својствата на контролата, така што контролата одговара на логичката структура на одредишниот документ. На пример, контрола што ја прикажува содржината на адресарот, ја прикажува истата содржина откако ќе ја ископираме во друг документ. Можете да ги видите овие својства во ливчето Податоци во дијалогот Својства на форма.

Избери

Икона

Оваа икона го менува покажувачот на глушецот во избраниот режим или го деактивира овој режим. Режимот за избирање се користи за избирање на контролите во тековната форма.

Design Mode On/Off

Toggles the Design mode on or off. This function is used to switch quickly between Design and User mode. Activate to edit the form controls, deactivate to use the form controls.

Икона

Режим на дизајн вкл./искл.

Својства на контрола

Opens a dialog for editing the properties of a selected control.

Икона

Контрола

Form Properties

In this dialog you can specify, among others, the data source and the events for the whole form.

Икона

Форма

Поле за означување

Икона

Креира поле за означување. Полињата за означување овозможува активирање и деактивирање на функции во форма.

Текстуално поле

Икона

Креира поле за текст. Полињата за текст се полиња во кои корисникот може да внесува текст. Во формите, полињата за текст прикажуваат податоци или служат за внесување на нови податоци.

Форматирано поле

Икона

Креира форматирано поле. Форматирано поле е поле за текст во кое може да се дефинира форматот на внесување и приказ на податоците и кои вредности за внесување се дозволени.

Форматираното поле има специјални својства за форматирање (изберете Формат - Контрола).

Копче за притискање

Икона

Креира копче. Оваа функција може да се користи за да се изврши команда на одреден настан, како што е клик со глушец.

Можете да додадете текст и графика на овие копчиња.

Копче за опција

Икона

Креира поле за избор. Полињата за избор му овозможуваат на корисникот да избере една од повеќе опции. На полињата за избор кои се со иста намена им се дава исто име (СвојствоИме). Вообичано тие се групираат во полиња загрупирање.

Поле за листа

Икона

Creates a list box. A list box lets users select an entry from a list. If the form is linked to a database and the database connection is active, the List Box Wizard will automatically appear after the list box is inserted in the document. This wizard helps you create the list box.

Комбинирана листа

Икона

Креира комбинирана листа. Комбинирана листа е поле за листа со една ред со паѓачка листа од која корисниците можат да изберат елемент. Можете да го доделите својството "само за читање" на комбинираната листа така што корисниците не можат да внесуваат дополнителни елементи на на веќе постоечките во листата. Ако формата е поврзан со база на податоци и врската е активна, Волшебникот за комбинирани листи ќе се појави автоматски по додавањето на комбинираната листа во документот.

Поле за ознака

Икона

Креира поле за приказ на текст. Овие ознаки се само за прикажување на претходно дефиниран текст. Во овие полиња не може да се пишува текст.

Повеќе контроли

Го отвара алатникот Повеќе контроли.

Дизајн на форма

Го отвара алатникот Дизај на форма

Волшебници Вкл./Искл.

Волшебници вклучи исклучи контрола

Ги вклучува и исклучува автоматските волшебници за контроли на форма.

Овие волшебници Ви овозможуваат да внесувате својства на полиња за листи, контроли за табели и други контроли.

Команди за контекстно мени