Карактеристики на LibreOffice Draw

LibreOffice Draw Ви овозможува да креирате едноставни и комплексни цртежи и да ги изнесувате во бројни познати формати на слики. Исто така, во Вашите цртежи може да вметнувате табели, графикони, формули и други елементи креирани во други програми од LibreOffice.

Векторска графика

LibreOffice Draw креира векторска графика користејќи линии и криви дефинирани со математички векторски формули. Векторите претставуваат линии, елипси и повеќеаголници дефинирани според нивната геометрија.

Креирање 3Д-објекти

Може да креирате едноставни 3Д-објекти како што се коцки, сфери и цилиндри во LibreOffice Draw и дури може да го смените аголот на осветлувањето врз објектите.

Grids and Snap Lines

Мрежите и водилките овозможуваат визуелна помош за полесно и побрзо да ги порамните објектите во Вашиот цртеж. Исто така може да изберете објектите да се прикачуваат кон линиите од мрежата, водилките или кон работ од друг објект.

Поврзување објекти за да се прикажат релации.

Објектите во LibreOffice Draw може да ги поврзувате со специјални линии наречени „поврзувачи“ за да ги прикажете релациите меѓу објектите. Поврзувачите се прикачуваат на точките за прикачување на нацртаните објекти и остануваат прикачени и кога објектите се поместуваат. Поврзувачите се доста корисни за создавање огранизациски графикони и технички дијаграми.

Прикажување димензии

Техничките дијаграми често ги прикажуваат димензиите на објектите во цртежот. Во LibreOffice Draw може да ги користите линиите за димензија за да пресметувате и прикажувате линеарни димензии.

Галерија

Галеријата содржи готови слики, анимации, звуци и други елементи што може да ги вметнувате и користите во Вашите цртежи, како и во други програми од LibreOffice.

Формати на графички датотеки

LibreOffice Draw може да изнесува во многу познати формати на графички датотеки како што се BMP, GIF, JPG и PNG.