Менија

Следува објаснување на сите менија и подменија на LibreOffice Draw и нивните дијалози.

Note Icon

Прозорецот што го содржи документот на кој сакате да работите мора да биде избран за да можете да ги користите наредбите од менито. На сличен начин, морате да изберете објект во документот за да користите наредби од менито поврзани со објектот.


Warning Icon

Менијата зависат од контекстот. Ова значи дека се достапни оние ставки од менито кои се релевантни за работата што моментално се извршува. Ако покажувачот е лоциран во текстот тогаш се достапни сите оние ставки од менито кои се потребни за да се уреди текстот. Ако сте избрале графика во документот, тогаш ќе ги видите сите оние ставки од менито кои можат да се користат во уредувањето на графика.


Датотека

Ова мени содржи општи наредби за работа со документи од Draw, како што се отворање, затворање и печатење. За да го затворите LibreOffice Draw, кликнете Напушти.

Уредување

Наредбите во ова мени се користат за уредување на документите од Draw (на пример: копирање и вметнување).

Приказ

Ги уредува својствата на приказот во документите од Draw.

Вметнување

Ова мени Ви овозможува да вметнувате елементи во документите од Draw, како што се графики и водилки.

Форматирај

Содржи команди за форматирање на изгледот и содржината на Вашиот документ.

Алатки

Ова мени содржи алатки за LibreOffice Draw како и пристап до системските поставувања и поставувањата за јазик.

Измени

Содржи команди за промена на објектите во Вашиот документ.

Прозорец

Содржи команди за манипулирање и прикажување на прозорците на документот.

Помош

Менито за помош Ви овозможува да го стартувате и да управувате со системот за помош на LibreOffice.