Додавање текст

Има неколку типови на текст што може да ги додадете на вашата презентација.

Додавање рамка за текст.

  1. Кликнете на Текст иконата Икона и преместете го покажувачот на глувчето таму каде што сакате да го внесете текстот.

  2. Влечи ја рамката до големината што сакате во вашиот документ.

  3. Испишете го или вметнете го текстот во рамката.

Двоен клик на текстот за да го форматирате како и неговата големина, бојата и сл. Кликнете на границата од рамката од текстот за да ги уредите својствата на текстот, како што е бојата на рамката, подредување на тексот пред или позади предмети и сл.

Ограничување на тексот до рамката.

  1. Креирај текстуална рамка како што е опишано во претходните објаснувања. Големината на рамката ја определува и големината на текстот.

  2. Со текстот избран како цел предмет Форматирај - Текст. Текстотсе отвара во дијалог.

  3. На ливчето Текст, исклучете ја опцијата Приспособи кон висина на текст и потоа изберете ја опцијата Приспособи на рамка. Кликнете Во ред.

  4. Now you can resize the text box to change the size and shape of the text characters.

Текстот врзан за градфика.

Можете да додадете текст во било која графика откако ќе кликнете двапати на неа.

За да ја одредите позицијата на текстот, користете ги поставувањата во Форматирај - Текст.

  1. Кликнете на стрелката веднаш до Балончиња иконата Икона за да го отворите алатникот Балончиња.

  2. Изберњете балонче и придвижете го покажувачот таму каде што сакате да започе балончето

  3. Влечете за да нацртате балонче

  4. Внесете текст.

Копирање на текст

  1. Изберете го текстот во вашиот Writer документ.

  2. Копирање на текст на таблата за исечоци (Уреди -Копирај).

  3. Кликнете на страната или слајдот каде што сакате да го вметнете текстот.

  4. Внесете го текстот употребувајки Уреди - Вметни или Уреди - Внеси специјалноl.

    Користејќи Специјално вметнување може да го изберете форматот на текст што ќе се вметне. Во зависност од форматот може и да копирате различни атрибути на текстот.

Внесување текст.

  1. Кликнете на страницата или слајдот каде што сакате да внесете текст.

  2. Избери Вметни - Датотека.

  3. Изберете текстуална датотека (*.txt) или HTML-датотека и кликнете Вметни. Ќе се отвори дијалогот Вметнување текст. Кликнете Во ред за да го вметнете тексот.