Порамнување

Го променува порамнувањето на насловот на графиконот.

Некои од опциите не се достапни за сите типови на ознаки. На пример, има различни опции за ознаки на 2Д и 3Д објекти.

За да пристапите до оваа наредба...

Изберете Форматирај - Наслов (Графикони)


Ротирај текст

Ја одредува насоката на текстот во содржината на ќелијата. Кликнете едно од ABCD копчињата за да ја доделите саканата насока.

ABCD тркало

Со кликнување било каде на тркалото се одредува варијабилната ориентација на текстот. Буквите "ABCD" на копчето одговара на новото поставување.

ABCD копче

Доделува вертикална ориентација на текстот за содржината на ќелијата.

Note Icon

Ако одредите вертикална ознака на х-оската, текстот може да биде пресечен од линијата на х-оската.


Степени

Ви овозможува рачно да го внесете аголот на ориентацијата.

Note Icon

Ве молиме запамтете дека можат да се појават проблеми во прикажувањето на ознаките ако големината на графиконот е премала. Можете да го избегнете ова било со зголемување на погледот или со намалување на големината на фонтот.