Карактеристики на LibreOffice Calc

LibreOffice Calc е програма за табеларни пресметки којашто може да ја користите за пресметување, анализирање и управување со Вашите податоци. Исто така може да внесувате и менувате табеларни пресметки од Microsoft Excel.

Пресметувања

LibreOffice Calc Ви дава на располагање функции, вклучително статистички и финансиски функции, што може да ги користите за креирање формули за изведување сложени пресметки на Вашите податоци.

Исто така може да го користите волшебникот за функции за помош при креирањето на Вашите формули.

Пресметувања „Што-ако“

Интересна карактеристика е можноста веднаш да ги видите резултатите од промените направени на еден фактор од пресметките што се составени од повеќе фактори. На пример, мозете да видите како промената на временскиот период во пресметката на заем влијае на каматната стапка или износите за враќање. Исто така, може да менаџирате големи табели со користење различни предодредени сценарија.

Функции за бази на податоци

Користете ги табеларните пресметки за да ги подредувате, зачувувате и филтрирате Вашите податоци.

LibreOffice Calc Ви овозможува да влечете-и-пуштате табели од бази на податоци. Или може да користите табеларна пресметка како извор на податоци за креирање циркуларни писма во LibreOffice Writer.

Подредување на податоци

Со неколку кликнувања на глушецот може да ја реорганизирате Вашата табеларна пресметка за да покажете или скриете одредени опсези на податоци, или да форматирате опсези во зависност од одредени услови, или на брз начин да пресметате потсуми и суми.

Динамички графикони

LibreOffice Calc Ви овозможува да ги претставите податоците од табеларните пресметки во динамички графикони што се ажурираат автоматски кога податоците ќе се сменат.

Отворање и зачувување на Microsoft-датотеки.

Користете ги филтрите на LibreOffice за да претворите Excel-датотеки или да отворате и зачувувате во други формати.