Најди - Пребарување со целосен текст

Функцијата за пребарување со целосен текст во Помош за LibreOffice ви дозволува да пронајдете помошни документи што содржат било каква комбинација од поими за пребарување. За да го направите ова, напишете еден или повеќе зборови во полето за текст Поим за пребарување.

Полето за текст Поим за пребарувње ги чува зборовите што сте ги внеле последни. За да повторите претходно пребарување, кликнете на иконата со стрелка и изберете го поимот од листата.

Откако пребарувњето е извршено, заглавјата на документите од резултатот се појавуваат во листата. Или кликнете два пати на елемент или изберете го и кликнете Прикажи за да го вчитате соодветниот помошен документ.

Употребето го полето за означување Најди само во заглавја за да го ограничите прабарувањето само на заглавја на документи.

Полето за означување Само целосни зборови ви дозволува да извршите точно пребарување. Ако ова поле е означено, нецелосни зборови нема да бидат најдени. Не го означувајете ова поле ако поимот за пребарување што го внесовте треба да се најде и како дел од подолг збор.

Можете да внесете било каква комбинација од поими за пребарување, разделени со празни места. Пребарувањето не разликува мали/големи букви.

Tip Icon Индексот и пребарувањата со целосен текст секогаш се применуваат на тековно избраната LibreOffice апликација. Изберете ја соодветната апликација со употреба на полето за листа на алатникот за преглед на помош.