Прозорецот на Помош за LibreOffice

Warning Icon Системот за помош за OpenOffice.org и комерцијалниот софтвер од Sun Microsistems, Inc. се базира на истите изворни датотеки. Некои од функциите кои се опишани тука може да не се вклучени во овааLibreOffice дистрибуција.

Прозорецот на Помош ја прикажува тековната избрана страница од помошта.

Алатникот содржи важни функции за контролирање на Системот за помош:

Икона

Го сокрива и покажува навигацискиот панел

Икона

Се враќа назад на претходната страница

Икона

Оди напред на следната страница

Икона

Се преместува на првата страница од тековниот наслов на Помош

Икона

Ја печати тековната страница

Икона

Ја додава оваа страница во вашите обележувачи

Икона за пребарување

Го отвора дијалогот Најди на оваа страница.


Овие наредби исто така можат да бидат пронајдени во контекстното мени на помошниот документ.

Страница од Помош

Можете да копирате од Прегледувачот на помош во таблата со исечоци на вашиот оперативен систем со стандардните наредби за копирање. На пример:

  1. На Страницата од помош, изберете го текстот што сакате да го копирате.

  2. Притиснете Ctrl+C.

За да ја пребарате тековната Помошна страница:

  1. Кликнете на иконата Најди на оваа страница.

    Се отвора дијалогот Најди на оваа страница.

    Note Icon Можете исто така да кликнете во Помошната страница и да притиснете Ctrl+F.

  2. Во полето Пребарај за, внесете го текстот што сакате да го најдете.

  3. Изберете ги опциите што сакате да ги употребите.

  4. Кликнете Најди.

    За да го најдете следното појавување на бараниот поим на страницата, кликнете повторно Најди.

Навигациски панел

Навигацискиот панел на прозорецот од помошта содржи страници со јазичиња Содржина, Индекс, Најди и Обележувачи.

Полето за листа на самиот врв е каде што можете да изберете други модули на помош за LibreOffice. Страниците со јазичиња Индекс и Најди ги содржат само податоците за избраниот модул од LibreOffice.

Содржина

Го прикажува индексот на главните теми на сите модули.

Индекс

Го прикажува списокот на клучните зборови на индексот за тековно избраниот модул на LibreOffice.

Најди

Ви дозволува да извршите пребарување на целосен текст. Пребарувањето ќе ја вклучи целата содржина на помошта за тековно избраниот модул од LibreOffice.

Обележувачи

Содржи кориснички дефинирани обележувачи. Можете да уредувате или бришете обележувачи, или да кликнете на нив за да отидете на соодветените страници.